link to homepage logo

01.09.2022

Зошто Сувата Градба е со Поголема Водена Ефикасност?

Technogips Pro ја подржува светската недела на водата (23.08 - 01.09), организирана секоја година од Стокхолмскиот меѓународен институт на водата (SIWI). Настанот обединува експерти, професионалци, иноватори и предприемачи од различни сектори и земји за да развијат решенија за предизвиците поврзани со водата.

За таа прилика, во следнава статија ќе ве информираме зошто сувата градба е со поголема водна ефикасност во споредба со конвенционалната ѕидарија.

Слатката вода е оскуден ресурс. Нејзината достапност, неопходна за живот, е условена од повеќе закани и тоа претежно од човечко потекло. Студиите за стратегии за заштеда на вода во градежништвото покажуваат дека градежните активности сочинуваат речиси 40% од вкупното влијание врз животната средина во Европа.

Потрошувачката на вода кај класичните ѕидани системи е приближно 500 литри на квадратен метар, бруто подна површина, што е за 97% повеќе отколку при употребата кај системите од гипс-картонски плочи.

Во исто време кај сувата градба забележуваме потрошувачка на вода до 15 литри на метар квадратен бруто површина. Отсуството на влажни процеси доведува до скратување на технолошкото време, обезбедува почисто и побезбедно работно место и дава можност за паралелна работа на повеќе проекти.

 Системите за сува градба може да се имплементираат и кај постоечки згради со цел да се подобрат нивните специфични индикатори.

Малата тежина на лесните преградни ѕидови од 35-55 kg/m2 им дава поголема слобода и дополнителен простор на дизајнерите, во споредба со конвенционалниот ѕид од тули со просечна тежина од 350-400 kg/m2. Малата тежина ја намалува носивоста на носечката конструкција на објектот, која може поекономично да се димензионира.

Системите за сува градба се одржлива, разумна и целисходна опција во многу ситуации, бидејќи тие можат да бидат флексибилни, па дури и преносливи во некои случаи. Помалата количина на материјали што се користат во овие лесни решенија овозможува помала потрошувачка на вода и поголема еколошка одржливост.

 „Зелените згради“ се иднината на одржливиот развој. Тоа се објекти кои користат енергија, вода, минерали итн. и го намалуваат влијанието врз здравјето на луѓето и животната средина. Сите Technogips Pro системски решенија се развиени и тестирани за да ги задоволат современите стандарди и барања во градежништвото, вклучувајќи ги и барањата за проектирање и изградба на „зелени“ згради според меѓународните системи за сертификација на LEED, BREEAM и DGNB.

Назад кон сите статии