link to homepage logo

24.02.2022

Titan Board обезбедува исклучително високи параметри за клучните простории

Овој месец разговараме со Селвин Нихат, специјалист за производи во Technogips Pro. Селвин учествуваше во летно стажирање во 2019 година. Нејзиниот талент не остана незабележителен и така 3 години покасно продолжи со своето кариерно усовршување во одделот за развој на производи во маркетинг секторот. 

Во следниот текст Селвин ќе ни претстави повеќе информации за најиновативните дополнувања во производната гама на пазарот. 

Што претставува Titan Board и кои се карактеристиките кои ја прават плочата специјална? 

Titan Board е најновата и иновативна гипс-картонска плоча на Technogips Pro.  Нејзините специјални својства ја прават идеална за монтажа кај сите видови на ентериерни простории. 
Плочата е дизајнирана и произведена со значително високи параметри за клучни простории на апликација, каде се бара пожарна заштита, звучна изолација, отпорност на влага и мувла, отпорност на удари и уште многу повеќе. 
Titan Board го нуди удобството на гипс картонот, но со значителни повисоки резултати и својства, комбинирани во една единствена плоча. Тоа означува дека Titan плочите може да бидат користени во целиот проект, со што се намалуваат расходите за работна рака, материјали и време на изработка. 
Titan Board е иднината – тоа е најразумното решение за ѕидови и плафони за современите згради, поради тоа што гарантира највисоки нивоа на заштита и комфор при создавањето на модерна и безбедна внатрешна средина за корисниците. 

Кои се клучните простории за апликација? 

Titan е особено соодветна за изградба на нови објекти и за реновирање на постоечки училишта, болници, трговски центри, хотели, спортски сали и слично. 
Целосните системски решенија со Titan плочите се одлични решенија за лифтовски окна, скалишни простори и коридори во објектите, каде има интензивна комуникација. 
Системските решенија со Titan плочите за ѕидови и плафони се цврсти и издржливи, отпорни на пожар, влага и удари, имаат подобрена звучно изолациони карактеристики и истовремено го скратуваат времето и трошоците за имплементирање до дури 30% во споредба со класичниот метод на градба. 

Како Titan Board им помага на учесниците во изградбата – инвеститори, архитекти и изведувачи? 

Сметам дека нема да погрешам доколку ја нагласам вредноста – или додадената вредност која се добива со Titan плочите. 
Со Titan, помалку е повеќе, благодарејќи на неговата густината и цврстина, што овозможува дизајнерите да креираат  потесни прегради, како би го зголемиле корисниот простор, без притоа да се прават компромиси на перформансите – особено атрактивно за клиенти на хотели и станбени згради. Тоа често означува дека стандардното користење на двослојни опшивки може да биде заменето со еднослојно решение, без притоа да се рефлектира на параметрите на квалитетот на ѕидовите. Таа можност заштедува време на монтажа и секако ги оптимизира трошоците за материјалите. 
Како студентка, до пред некое време, би била сосема задоволна доколку студентските домови беа разработени со Titan плочи – учејќи спокојно за испитите во тивка средина. Преградните ѕидови со Titan гарантираат звучна изолација до 72 dB и до 180 минути време за евакуација во случај на пожар. 
На крај би сакала да споделам нешто многу важно, кое особено ме возбудува како млада личност загрижена за градењето на зелени и еколошки животни простори. 
Сите плочи на Technogips Pro, вклучувајќи и Titan Board, ги исполнуваат барањата на ЕДП (Еколошка декларација на производот), која го оценува влијанието на производот на средината во секоја фаза од неговиот живот циклус. Употребата на Titan плочите во проектите дава дополнителни поени при сертифицирањето на “зелени згради” според LEED, DGNB и BREEAM системите, како и додадената одржливост на инвестицијата низ целото време. 

Назад кон сите статии