Глетување на фуги со гипсена фуг смеса, ниво Q2

2020-09-02 16:34:00

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Во оваа видео презентираме како да се пополнат и армираат фугите кај гипс-картонските плочи по нивното армирање со ленти за фуги. Согласно категоризацијата на Еurogypsum* тоа е второто ниво на површинска обработка – ниво Q2**.

 

Тука се чекорите кои ги следевме:

 

Задолжителен услов е да претходниот слој од ниво Q1 да биде целосно исушен (тоа може да трае и до 24 часа), пред да се пристапи кон обработка на ниво Q2. 

Во чист сад сипеме чиста вода и во неа додаваме со просејување сува гипсена смеса FUGA, така да над смесата остане 1-2 mm вода (околу 500 ml вода на 1 kg од смесата). Чекаме сместа да узрее околу 5 мин., после кое размешуваме рачно се до постигнувањето на мазна и хомогена смеса. Откако смесата е готова можеме да пристапиме кон пополнување на фугите.

Подетални инструкции за работа со FUGA можете да откриете тука: https://www.youtube.com/watch?v=D7HE65Vybgc

Ниво Q2 може да се постигне со сувите смеси FUGA и SATEN, а исто така и со готовата за употреба смеса FUGA & FINISH.

 

Поставуваме доволна количина на смеса на шпаклата и нанесуваме тенок порамнителен слој, кој има за цел да овозможи континуиран премин во зоната на фугата и гипс-картонските плочи. Овој слој се нанесува на растојание од околу 200 mm од двете страни на фугата по целата нивна должина.

 

 

*Eurogypsum – Европски сојуз на гипсена индустрија и производители на гипс-картонски плочи. Разработена и утврдена категоризација во 4 нивоа на квалитетот на завршната обработка кај гипс-картонските плочи, која го ограничува субјективниот фактор при оценувањето на завршните обработки.

**Ниво Q2 одговара на основните барања за завршна обработка на ѕидови и плафони. Основата цел на оваа ниво на квалитет е финално порамнување во делот на фугите и да овозможи порамнет премин кон површините на гипс-картонските плочи.

 

Ниво Q2 вклучува:

  • Комплетно исушена обработка на фугата од ниво Q1
  • Пополнување и проширување на зоната на фугата како би се добил добар премин кон површините од гипс-картонските плочи, вклучително и потребното брусење на тие површини, доколку тоа е потребно.

 

Ниво Q2 е соодветен како основа за:

  • Поставување на тапети со средна или груба структура.
  • Мат дисперзирани и други бои со пополнувачи, кои вообичаено се нанесуваат со валјак.
  • Декоративни тенкослојни малтери со дебелина не помала од 1 mm.

 

Важно:

  • Квалитетот на ниво Q2 не гарантира дека под финалната обработка нема да се видливи одредени нерамнини или мали прекршувања, особено при изразено силна или коса светлина. Овие несакани ефекти можат да се редуцираат со примена на следното ниво на обработка Q3, кое претставува целосно глетување на површината.
  • Во случаи кои не е дефинирано нивото на завршна обработка, тогаш се смета дека квалитетот на обработка на фугите на ниво Q2 е прифатлив и доволен.